Јанкуловска доби ослободителна пресуда за „Тврдина“ – екс-разузнавачите Грујевски и Бошковски 24 години затвор!
Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи, беше ослободена од обвинение во случајот „Тврдина“ поврзан со масовното прислушување. Во истиот предмет, обвинет беше и Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК, кој се ослободи од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“ поради застареност на делото. Ова беше објавено по изрекувањето на пресудата во Основниот суд 1 во Скопје.
Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, доби казна од 3 години затвор, со вклучено време поминато во куќен притвор. За екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои избегаа во Грција, во отсуство беа изречени казни од 14 години и 6 месеци за Грујевски и 9 години и 10 месеци за Бошковски.
Обвиненијата се однесуваа на злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа во врска со уништувањето на системите за прислушување во УБК. Првоначалната пресуда беше укината од Апелациониот суд во декември 2022 година, по што започна нов судски процес. Вкупно 11 лица беа обвинети, а во првостепената пресуда беа осудени на 55 години затвор и 10 години условен затвор.
Првиот судски процес започна во декември 2017 година, а пресудата беше донесена по повеќе од три години, во февруари 2021 година