Јасмина Костадинова осудена на 10 месеци затвор за примање мито при посредување за доделување пари од ИПАРД

Вработената во Министерството за земјоделство – Јасмина Костадинова е осудена на десет месеци затвор откако призна вина за примање мито поврзано со посредување за доделување средства од ИПАРД програмата.
Казната ќе и биде пресметана од периодот од 5 ноември 2025 година, од кога таа се наоѓа во домашен притвор.
Со судска одлука ќе ѝ бидат конфискувани 8.000 евра запленети при претрес.
Судијката Ленка Давиткова во образложението наведе дека злоупотребите во овој случај ја поткопуваат довербата во администрацијата и може да имаат сериозни последици врз распределбата на средства за земјоделците.
Во предметот се опфатени и други лица, меѓу кои поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка, како и уште еден поранешен министер, кои се товарат за различни форми на посредување и поткуп во процесот на доделување средства од ИПАРД програмата.
По отворањето на случајот, Европската комисија привремено ја стопираше исплатата на околу 2,9 милиони евра од ИПАРД, кои подоцна беа одблокирани.






