Бандера во Ќустендил

За разлика од сите досегашни „историски шанси“ што ме правеа еуфоричен, оваа последнава „историска шанса“ што ни ја дава Европската унија со „францускиот предлог“ ја примам со малодушност. Ми се чини дека и да бидне таа фамозна прва меѓувладина конференција, немам сила да се радувам. Изгорени сме. И изморени. Истоштени и измрцварени. Намалете со возбуда. Историска шанса за што? За себеукинување? Оставете нè да бидеме сомничави и тоа јавно да го кажеме. Може ли да ѝ се верува на Европската унија? Дали Европската унија со својот интегритет и големина, ама и со својата политика „еден за сите, сите за никаде“ е кадарна да биде гарант на овој договор како што САД беа гарант со условот за влез во НАТО по потпишувањето на Преспанскиот договор?

Еве, ќе го смениме Уставот и ќе ги внесеме Бугарите во него. Ама дали ЕУ е кадарна да спречи натамошно изживување на Бугарија врз Македонија и откако тоа ќе го направиме? Па, на пример, кога ќе дојдеме до поглавјето за царина, Бугарија да се наврати што напишал некој на Фејсбук, а Европската комисија тоа ќе го преразгледува. И така секоја година, еднаш годишно до недоглед. Правото на сомнеж е легитимно затоа што Европската унија ги легитимизираше примитивните барања на една земја-членка. Дотолку повеќе што тие примитивни теми ги наметна земја која ни беше фашистички окупатор, а во последниве три години ги извади од дното на душата најниските пориви на непријателство кон Македонците и уживање во понижувањето што ни го прави.

 

Па нели бре, пратеници во бугарскиот парламент распнаа плакати со „Македонија е Бугарија“. Не се тоа некои луѓе на Фејсбук. Пратеници се, изгласани на избори. Европејци што утре ќе ни го мониторираат говорот на омраза. Да, да… Секаде има будали. Ама кога во руската Дума некој би извадил лист на кој пишува „Украина е Русија“, европските партнери на Бугарија ќе се згрозени. Но, кога тоа се прави во Народното Собрание на нивната Бугарија, не им се дочитува што пишува. Или, како што рече бугарскиот претседател Румен Радев во Берлин на 16 мај, „не треба да дозволиме легитимација на македонизмот во Европската унија“. Има разлика меѓу неговите изјави и изјавите на Путин дека Украина е измислена држава, а Украинците се Руси. Дали нашава власт побарала гаранција од другите земји-членки на ЕУ дека во иднина нема да бидат соучесници на блокирањето од Бугарија? Оти, кога веќе ѝ успеа да го наметне својот наратив во ЕУ, Бугарија ќе си најде 101 оправдание да нè блокира бескрајно дури и ако во оваа секунда го смениме Уставот. Видовме дека ЕУ не може да даде такви гаранции. А се сомневам и дека сака.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close