Бегајќи од полиција во Софија, крадец се забил со автомобил во автобусот на Цеца

Српската фолк пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца синоќа одржа концерт во најголемата концертна сала во Бугарија – Арена Софија.

По завршувањето на концертот, бугарскиот медиум „БНТ њуз“ извести дека дошло до инцидент во центарот на Софија, односно дека крадец на автомобил се забил со автомобил во луксузниот автобус на Цеца.

Откако го нападнал полицискиот службеник, кој се обидел да го уапси, крадецот ја скршил бариерата на подземниот паркинг во деловниот центар „Милениум“ и притоа удрил во неколку автомобили. Меѓу нив бил и автобусот на Цеца, која била сместена во хотелот „Гранд Хотел Милениум“.

На обиколницата, крадецот на автомобили го запалил украдениот автомобил што го возел и избегал. Потрагата по него е во тек

Back to top button
Close