Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан


Договорот за ретки минерали предложени од САД меѓу САД и Украина не е потпишан, соопшти портпаролот на Белата куќа, јави Би-Би-Си.

Претходно денеска, американскиот претседател Донал Трамп рече дека двајцата ќе го потпишат за време на нивната заедничка прес-конференција, која сега е откажана.

Извор од Белата куќа претходно потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напуштил Белата куќа. Информацијата дојде по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.

Трамп на социјалните мрежи напиша дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може „да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.

Back to top button
Close