Без попис некако поубаво се живееше

Откако вчера официјално се објавија првичните пописни резултати, се расчисти барем една политичка „магла“: се попишаа 3.504 Бугари, најслободно, како што доликува на мултиетничка и мултикултурна демократија. И сѐ според ЕУ пописните техники и стандарди, без ниту еден сериозен приговор. И тоа е тоа.

На нашите пријатели во Бугарија ќе им треба прилично време за да разберат дека продавањето илјадници бугарски/ЕУ пасоши на Македонци не е добар рецепт за формирање на нивната официјална политика кон нашата земја. Таму не попишуваат граѓани според етничката припадност, но и непопишани, со ваквата пасош-политика, добија стотина илјади бугарски државјани „со македонски происход“, а не обратно.

 

Дека вакво нешто ќе им се случи, со години дискретно и добронамерно им се укажуваше од Скопје, без некоја задна намера. Но, Софија самата одлучи да ги следи политиките на Каракачанов, на шоуменот Слави Трифонов, на „фронтот“ проруски социјалистички дејци и на радикалните националисти во ГЕРБ, со нивните балкански национал-шовинистички агенди. Па сме сега таму каде што сме. Бараат овдешната етничка реалност да ја прилагодуваме на нивните политички фантазии. А кога им се кажува дека фантазираат, тоа се зема како „доказ“ за водење анти-бугарска кампања во Македонија. Ја злоупотребуваат позицијата на 3.504 овдешни Бугари за да си ги расипат односите со еден милион резидентни Македонци, од кои на десетина отсто им издале бугарски, европски пасоши. И си се вртат во кругот на самозалажувања, нема како да им помогнеш.

 

Тоа истото се однесува на македонскиве националистички фантазери. Најгласни против пописните резултати се токму од нивните редови, оние кои повикуваа на бојкот на пописот. Некои се пишманија, иако штетата веќе ја направија. Други до крај политички ја опструираа таа статистичка операција, па сега не им се допаѓаат резултатите, а 7,3% од населението и заради тоа остана без волја да го искористи правото идентитетски да се изјаснат. Ја отруја (и сѐ уште ја трујат) македонската етничка дијаспора со пораките за поделби и омраза, им ургираа на луѓето да не се попишуваат, да прават петиции, опструкции, протести… И, каде се голем број етнички Македонци во пописните резултати од дијаспората? Ги нема.

 

Нормално, сега државата е виновна за тоа, а не овие кои, со мозок на кокошки, направија сѐ луѓето да не се попишат. Е, кога „кокошкарите“ ќе дошле на власт овдека, они таму ќе ги попишеле. Браво, голема услуга направија за „македонската кауза“ што им ги грее срцата, оти мозокот им е ставен на одморање.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

Back to top button
Close