Борисов се сретна со мајката на Пендиков: Ќе бараме тепањето да биде осудено на европско ниво


Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, денеска во просториите на партијата ја примил мајката на претепаниот охриѓанец, Христијан Пендиков, кој се декларира како Бугарин.

На мајката на Пендиков, тој ѝ ветил дека за случајот ќе ги запознае Европа и лидерот на Европската народна партија (ЕПП).

„Ја осудуваме агресијата врз Христијан Пендиков. Ќе разговарам со лидерот на ЕПП Манфред Вебер. Ќе бараме тепањето да биде осудено на европско ниво“, рекол Борисов.

Тој ги повикува и македонските власти – премиерот и министрите за внатрешни и надворешни работи да направат сè за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето.

„Само така РСМ ќе докаже дека е правна држава“, нагласува Борисов.

БГНЕС пренесува дека тој потсетува и оти Бугарија најмногу и помогнала на Северна Македонија, но Скопје треба да внимава „да не ги налути Бугарите“.

„Најлошото нешто на Балканот е што Бугарите се лутат. Направивме сè за РСМ. Тие секогаш ја имаа нашата целосна поддршка. Затоа ги повикувам – осудете ги напаѓачите“, порачува Борисов.

Нашиот гнев, вели лидерот на ГЕРБ, не е безопасен.

„Нашата наклонетост и љубов кон вас како земја е огромна, но и нашиот гнев е тежок. РСМ ќе го доживее доколку властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците“,

се заканува Борисов.

Back to top button
Close