Бугарскиот историчар Сидеров: Националистичките кругови поврзани со Русија имаат корист од тензиите меѓу Бугарија и РСМ

Ова е пресметана акција. Барате точки што се раздвојуваат. Бугарската улога во окупацијата на Југославија во Втората светска војна е многу чувствителна тема за Србите и Македонците. Убеден сум дека двете земји знаеле, но дозволиле создавање на овие провокации. Ова одржување на напнатоста апсолутно нема да вроди со плод, вели Сидеров кој е поранешен советник на двајца вицепремиери

Противење и тензии предизвика отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград и на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“. Заплетот е ист и на двете места, објаснува за БНР Јавор Сидеров, историчар и поранешен советник на двајца вицепремиери.

„Станува збор за намерни провокации од кругови и луѓе кои немаат интерес за подобрување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“,вели Сидеров.

Вршителот на должноста премиер Галаб Донев објасни дека клубот во Благоевград го отворила организација која е неуставна и не е регистрирана според бугарските закони. Финансирана е од Канада и е поврзана со антисемитски, антиевропски и антиамерикански пораки, потсетува БНР.

Димитар Ковачевски, премиерот на Северна Македонија, исто така изјави дека клубот е организиран од приватни лица.

Јавор Сидеров смета дека е важно дали иницијативата е државна или приватна.

„Последното нешто што сега им е потребно на двете земји е да интервенираат приватни интереси. Ова е неприфатливо. Врските не треба да се оставаат во рацете на таквите луѓе. Ваквите клубови треба да се финансираат од државата и да имаат јасни правила и цели“,посочува историчарот.

Според него, изборот на имињата на културните клубови и во двата случаи значи отворање на Пандорината кутија и предизвикување националистичка реакција.

„Ова е пресметана акција. Барате точки што се раздвојуваат. Бугарската улога во окупацијата на Југославија во Втората светска војна е многу чувствителна тема за Србите и Македонците. Убеден сум дека двете земји знаеле, но дозволиле создавање на овие провокации. Ова одржување на напнатоста апсолутно нема да вроди со плод. Големата цел е тие да се помират до точка каде што ќе можат да го исчистат тешкото минато што виси над нив. Другата голема задача е Северна Македонија да влезе во ЕУ бидејќи на Бугарија ѝ треба мирен и просперитетен сосед. Ако овие две стратегиски задачи наидат на отпор, треба да видиме кој не сака тие да се спроведат“,вели Сидеров.

Според Сидеров, националистичките кругови кои имаат надворешни обврски имаат корист од тензиите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Нивните со Србија и Русија, нашите – исто така со Русија. Тие имаат интерес да ја задржат оваа тензија на долг рок“,

вели тој.

Back to top button
Close