БУЛДОЖЕР ЗА „ИНСИЕМЕ“

Ако на анкета за политичкото јавно мислење, на прашањето: „Која е личноста кон која сте најмногу наклонети“, 7 проценти од испитаниците одговорат со Никола Груевски, тоа е најголем доказ за поразот на СДСМ. А богами и за поразот на Христијан Мицкоски. Тие 7 проценти се супер слаб резултат за политички лидер, ама сепак се повеќе и од премиерот Димитар Ковачевски со 5 проценти наклонетост и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 6 проценти, во анкетата што ја спроведе американскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ).

Самиот процент е во рамките на статистичка грешка. Но, факт е дека по шест години откако не е на власт и четири години откако избега од земјава, името на Груевски уште се врзува со политичар кому вреди да му се биде наклонет – човекот што ја киднапираше државата на тој начин што нè ограби, што нè прислушуваше, што крадеше на избори, што уништуваше медиуми, што го зароби судството, ја присвои полицијата и тајните служби, ги приграби сите најдоходовни бизниси затворајќи туѓи бизниси, организираше оружен напад на Собранието и на крај, со парите што ги украде од нас избега во гепек и од Будимпешта ни се заблагодарува на довербата.

Кој воопшто ќе се сеќаваше на Груевски, кој воопшто ќе го есапеше дека воопшто постои, ако СДСМ во изминатите шест години обезбедеше поквалитетен живот? По шест години без Груевски, власта се цени по тоа колку ни обезбедила подобар живот, а не колку Груевски ни го расипал. Не само што не е сменет квалитетот на животот, не само што не успеаја да обезбедат подобро здравство, подобро образование, поефикасна јавна администрација, помала корупција, посредена држава, хумани услови за живеење во општините, помала партизираност, достапност до правда… Та бил договорот со Фронтекс, та не бил. Та му растел рејтингот на Ковачевски по 1,4 отсто месечно, та не му растел. Та корупцијата ја затскривале зад патриотизмот на „Едно име имаме“, та зад европејството на „Инсиеме“. Крадеш во име на македонштината или во име на ЕУ интеграциите, исто ти се фаќа.

Уште полошо е. Надежта ни ја убија.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК

Back to top button
Close