Четворица загинати во шумски пожари во Јужна Кореја
Четири лица загинаа како последица на шумски пожари во Јужна Кореја, јавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на властите.
Тие денеска пријавиле шест повредени лица, од кои пет се во тешка состојба. Евакуирани се околу 1.500 луѓе.
Опожарени се речиси 3.300 хектари земја.
Пожарите во југоисточниот дел на земјата избувнаа пред два дена и беа разгорени од силниот ветер.
Во областа на околу 250 километри од главниот град Сеул е прогласена вонредна состојба.