Немало заштита од лизгање на земјиштето во Кисела вода каде што вчера загина работник – утврдил трудовиот инспекторат

Ова според државниот инспекторат за труд е причина за трагедијата што се
случи вчера чиј биланс е еден починат и четворица повредени. Од
Инспекторатот за Канал 5 потврдуваат дека на изведувачот му е забрането да
работи.

” -Од областа на БЗР, утврдено е дека не биле превземени колективни
мерки за заштита односно не било направено подградување на
ивиците на темелната јама или друг начин за заштита од
обрусување на земјиштето што е причина за несреката на работа.
Дадена е усмена забрана за работа на градилиштето, нотирана на
првичниот записник и задолжение да се достави целокупната
документација која се однесува на безбедноста и здравјето при
работа. Забраната ке трае се до отстранување на причините за
несреката односно додека не се обезбедат сите мерки за заштита .-
Државен инспекторат за труд

Од трудовиот инспекторат за Телма велат дека градилиштето од вчера е затворено. Издале усна забрана дека не смее да продолжат градежните работи додека не се утврдат мерки за заштита и безбедност на работниците.

Сепак она што треба да се направи во наредните денови е да се спречи понатамошно лизгање на земјиштето за да не настане штета врз соседните објекти, итно предложил општинскиот градежен инспектор.

Поради настанато лизгање на земјиштето и загрозена стабилност на соседните објекти се наредува да се преземат итни мерки за обезбедување на ископот и спречување да настапи лизгање на земјиштето и дополнитлени последици. Согласно стурчниот елаборат  од овластено лице, една од причините за настанатото лизгање на земјиштетот е зголемената влажност преизвикана од протекување на цевка, вели Стојан Трајчев,  Овластен градежен инспектор во општина Кисела вода.

На градилиштето денеска забележавме како двајца работници го повлекуваа багерот од градилиштето каде вчера еден работник загина, а четворица се повредени кога врз нив се урнала едната страна од ископот за темели на зграда и ги затрупала со земја.

” -Ден потоа, тивко е на градилиштето во Кисела вода каде што вчера
животот го загуби еден работник, а неколкумина беа повредени.
Засега нема одговори како дошло до одрон на земјиштето кое ги
потрупало додека работеле во јама за темелите на зградата.

Еден од повредените што се здоби со потешки повреди и е опериран, се уште е
на КАРИЛ, но лекарите од Трауматологија велат дека е задржан поради
неоходноста од опсервација. Останатите тројца ке бидат пуштени на домашно
лекување.

Иако во Македонија нема стандардизиран регистар за повреди и смртни случаи
на работното место, податоците од Инспекторатот, Институтот за јавно здравје,
но и информирањата на медиумите нотираат раст во бројот на жртви. Според
последната анализа од 2024 година имало над 130 несреки, а имало 15
починати.

Извор: kanal5.mk

Back to top button
Close