Читам, слушам колеги, пак по нивни памет си се водат, наместо по наука

Читам, слушам колеги, пак по нивни памет си се водат, наместо по наука. Медиуми проверете, истражете пред да повикате некој да шири лажни вести. Затоа сме до тука стигнати со пандемијава. Дури и ако сте имале КОВИД-19, да се вакцинирате!
КОВИД вакцината нуди посигурен и одржлив имунитет отколку само претходната инфекција. Во најмала рака, таа секако ќе додаде дополнителен слој во заштитата.
Еве како функционира нашиот имунолошки одговор по природна инфекција и примена вакцина.
Наскоро откако ќе се заразиме со САРС-КоВ-2 (вирусот што предизвикува КОВИД-19), нашите имунолошки клетки (Т-клетки и Б-клетки) се активираат. Активираните Б-клетки произведуваат таканаречени неутрализирачки антитела. Тие ги бранат нашите тела од инфекција правејќи врска со шилецот на површината на вирусот и со тоа оневозможуваат влез на вирусот во нашите клетки.
Неутрализирачките антитела од Б-клетките се прелеваат во крвотокот и патуваат низ телото во потрага по вируси. Откако ќе се реши инфекцијата, овие активирани Б-клетки се смируваат и преминуваат во состојба на мирување и приправност. Тие се движат од нашата крв кон нашите лимфни јазли и коски. Овие таканаречени мемориски Б-клетки преживуваат и овозможуваат имунитет со децении, заедно со помошта на мемориските Т-клетки.
Кога сме повторно изложени на вирус или примиме вакцина, овие мемориски клетки се будат, се активираат и создаваат големи количини антитела многу побрзо. Оваа имунолошка меморија го намалува ризикот да се заразиме со САРС-КоВ-2. Односно, ако примите вакцина, само ќе имате побрзо заздравување од КОВИД-19 и можност за нови клетки со меморија за борба со вирусот.
Колку долго трае природниот имунитет по КОВИД-19 зависи од вирусните, човечките и еколошките фактори. Вирусната варијација може да направи разлика, како и нашите гени, но и хроничните болести и возраста.
Овие фактори можат да влијаат на нашето ниво на неутрализирање на антитела, кое со текот на времето може да опадне и да се спушти под заштитното ниво.
Бидејќи КОВИД-19 не постои особено долго време, тешко е да се знае колку трае општо природниот имунитет. Засега личи дека антителата и имунолошката меморија траат барем најмалку два месеца кај повеќето болни.
За пациенти кои се опоравиле од САРС, кој е роднина на САРС-КоВ-2, истражувањето покажало дека пациентите одржувале антитела и до две до три години по инфекцијата. Но, тој се ограничи и не се дозволи да мутира слободно.
Така да, вакцинирај се штом имаш шанса за тоа. Следните вакцини ќе бидат насочени кон мутациите, ќе пристигнат здравје кога ќе пристигнат. Дотогаш соодветна маска, дистанца 2м, миење раце, избегнување гужви, социјализација надвор на отворено, остани дома колку повеќе можеш, на работа и во јавност однесувај се одговорно и следи состојба. Во моментов е широко распространет вирусот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close