Црна интернационала

Ана Чупеска

Кога ќе ја проанализираме подлабоко политичко безбедносната состојба во земјава, невозможно е а да не почуствуваме ИСТОЧЕН ВЕТЕР во лице. Задувал појако месециве наназад: континуирани закани за бомби од IP адреси со симптоматично странско потекло, или пак злоупотребени тукашни IP адреси заради порадикална анатагонизација на полтичкитите опоненети (Јусуф и Боемот, на.пр. предизвика препукување налево – надесно); хакерски напади врз критична инфраструктура (како онаа на сајатот на ДИК, или на определени сервери); коинцидирање на заканите со бомби со предизвикувањето на хаосот во главниот град, па уште и при посета на високи државни функционери од ЕУ…Ако ги додадеме и неколкуте обиди за државен удар (почнувајќи од црн понеделник, крвав четврток, 27 април, бекатон протестот и сл.), лесно е да се утврди дека некој има намера да ја дестабилизира земјава.

И, последните Ленинови блокади, исто така ќе ја доискристализраат сликата во контекст на претходните активности. На пример, проектот за брз градски транспорт – кој е осмислуван со години, анализиран сериозно, одобрен и подржан од Европската Банка, тандемот Мицковски – Данела експресно го прекина – но, зошто ? Сега гледаме зошто, затоа што со воведувањето на една таква современа сообраќајна структура би се довело во прашање постоењето на ЛЕНИН БУС, неговиот личен бизнис базиран на неговите автобуси од времето на ДИНОСАУРУСИТЕ.

Г-нот Мицковски, замислете, си дозволи на прес да бара да му бидат исплатени парите на ЛЕНИН БУС? Ало ?! Дајте да ги видиме договорите , да видиме какви се тие, кога се склучени, кој ги склучил, и дали можеби тие пари одлеани од градски буџет во ЛЕНИН БУС завршиле на сметка на некој политички фактор – јбт!  Но, ова се само индикатори, манифестација на тоа дека некој од политичките фактори дебело забраздиле во жива кал…

Од јавно достапните информации , би требало до сега да можеме да увидиме дека овие нешта се взаемно поврзани и тенденциозни , со умисла предизвикани акции, а кои имаат намера да интервенираат врз јавниот демократски поредок, да се рашири страв меѓу населението, да се индуцра несигурност, револт, недоверба кон институциите, да се преизвика хаос…

Во таа смила, ние никако да сфатиме дека Република Северна Македонија е цел на отворени напади од надвор и дека војната во Украина ги надмина нејзините потесни географски граници. Никако да сфатиме дека путинистичкиот режим многу јасно и недвосмислено ја стави земјава на листата на непријателски земји уште на самиот почеток на неговата немилосрдна агресијата врз Украина. На која и ние како и сите демократски земји одлучно се спротиставивме. Просто кажано, ние сме со Украина, а против Русија, и оттука Русија е против нас, и не стави на листа на непријателски земји. Енде!

Оттука се сомневам, а бога ми , не сум сама со такви импресии, дека кога е во прашање потеклото на заканите, нивниот извор е една голема и позната воена сила – онаа во рацете на Путин.

Сепак, не ми е јасно, од кои причини нашата опозиција на толку молење и опоменување од демократскиот свет, сеуште неможе да ја процесира темата за “БЕЗБЕДНОСТА НА ДРЖАВАТА “– како основна атрибуција на кој и да е легален и легитимен конзервативен блок – а посебно оној поврзан со ЕПП? И зошто не ?

Па добро, имате ли малку сенс за тоа што значи одбрана на сопствената земја – кога е нападната?! Никако да се одклоните од ефтиното и наивно политиканство – кое апсолунтно нема никаква врска со патриотизмот , а уште помалку со визија за справување со проблемите – затоа што вашата нејасна позиција околу стратешките прашања на земјата укажуваат не само на политичка незрелост, туку и сугерираат дури одработување за некои туги агенди – оние на ЦРНАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛА, на пример.

Дополнително загрижувачко прашање до Вас, а кое бара итен одговор е ШТО Е СО ПРЕДВЕРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ, на кои мислите дека ќе победите ? Што со тие иизбори ? Како ќе се справите со овие предизвици ? Дали можеби – со ИСТОЧЕН ВЕТЕР ВО ГРБОТ ?

Другар(к)и, настаните во Германија и обидот за државен удар од страна на групата на Reichsbürger, минатата недела; нападот на Caption Hill (2021) и улогата на славниот путинист Доналд Трамп во атакот на Конгресот; нападот на македонското Собрание во неколку наврати; инцидентите во Косово, во Република Српска, хилихоптерското менување власт во Црна Гора и улогата на црковките дејци таму; победата на Мелони во Италија; орбанизмот и бугарските фашитички рефлекси; и секако многу други индикатори да не ги редам, укажуваат на суште активно и живо мрежно делување на Црната Интернационала (Barbieri) и на успешна нивна клеро-фашистичка инфилтрација во демократскиот свет – поготово во конзервниот идеолошки блок!

Но, во САД, Германија, па дури и Грција, овие антидржавни елементи се процесираат соодветено. На пример, со инпичмент за Трамп, или пак со законско инкриминирање за терористички квалитатив поврзан со сите дејствија на радикалните десни сили; со судски процес како оној во Грција за дејствијата на Златна Зора. Додека на Балканите, Црната Интернационала делува легално и легитимно преку инфлитрирање лица во политички партии – и без последици!

Поентата ми е, да скратам, дека кај нас, во конзервативниот блок – крајно време е да преовладаат умерените, наместо, да се мејнстримиизираат радикалите! Дали се разбираме ?! Или, како тоа во ВМРО- ДПМНЕ дозволија врховизмот да стане референца на партија што се самоименува како демократска ?! ; Или како е можно во оваа партија полека да почне да се мејнстримизира мусолиниевската реторија – надвор од паметот?! И на крајот: што имаат заедничко Македонските Обединети Сили; Христијанско братство, Левица и ВМРО- ДПМНЕ. Мене ми се чини дека имаат инфлитрирана агентура на Црната Интернационала – која има задача да се противи на модерницацијата, евроинтеграцијата,либералните вредности, против демократијата, а на која руската агресија и е лајт мотив…

Консеквентно, ако можеше во САД , Грција и Германија да се процесуираат случаеви за фашизам и тероризам, зошто тоа не е случај со Балканите, поточно со СРМ. На балканите определени полтички структири сеуште како да се глупави и слепи, како самите да се поддаваат да бидат маша и инструмент во рацете на Црната Интернационала, во контекст на актуелната војна.

Сходно, и нашите институции недоговорно е да се слепи за тоа како одредени политички фактори – прво станале тоа – имено фактори (!!!) и второ, како тие фактори се позиционирани во една ваква ситуација на војна, во една ваква ситуација кога знаеме кој на чива страна , кога државата е нападната со современи хибридни атаци? Второ, кого подржуваат тие фактори и на чива страна се тие во овие услови ? Дали нашите институции ова го третираат некако и на кој начин?! Како, имено, се постапува со вакви ентитети, кои соработуваат против целата нато сојузничка алијанса ?

На крајот на денот, патриотизмот подразбира одбрана на земјата – нејзиниот суверенитет и демократски поредок, а тоа е можно само ако покажеме политичка зрелост, затоа што политиканството е сигурен пат за самоуништување.

 

Back to top button
Close