Де Јонг пред преселба во Саудиска Арабија
Фудбалерот за врска на Барселона, Френки де Јонг, размислува за трансфер во Саудиска Арабија, објави денеска весникот АС.
Според истиот извор, менаџерот на 27-годишниот холандски фудбалер ги проучува информациите за развојот на саудиската лига и секојдневниот живот во оваа арапска земја.
Официјални преговори со клубови од Саудиска Арабија сè уште не се почнати.
Барселона, исто така, размислува да го продаде Де Јонг доколку тој не го продолжи договорот, кој истекува во јуни 2026 година.
Де Јонг оваа сезона одигра 13 натпревари за Барселона во сите конкуренција, постигнувајќи еден гол, а додаде и една асистенција.