По тепачката во финалето Аргентинец заминува од Атлетико Мадрид


Тепачката на дел од фудбалерите на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина за некои играчи може да има и сериозни последици. Дел од аргентинските репрезентативци се однесуваа срамотно и физички се судрија со фудбалери на Шпанија.

Поради своето однесување играчот на Атлетико Мадрид, Тиаго Алмада се соочува со отказ во својот клуб. Фудбалерот веднаш е ставен на трансфер листата (по една година во клубот) и од Атлетико се подготвени да прифатат една од двете пристигнати понуди. За 25-годишниот репрезентативец на Аргентина заинтересирани се Ривер Плата од Аргентина и Фламенго од Бразил.

Алмада е свесен за својата постапка и дека стаусот во Атлетико Мадрид тешко ќе може да го врати во претходната состојба. Тој е подготвен да замине во Фламенго и да потпише договор на три години, а трансферот би чинел околу 20 милиони евра. Алмада претходно има настапувано во Бразил во екипата на Ботафого.

Back to top button
Close