Дембеле се повреди на мечот со Кадиз

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле се повреди на мечот од 10. коло на примери со Кадиз (1:2), информира прес-службата на клубот.

По лекарскиот преглед се покажало дека 23-годишниот фудбалер има повреда на задниот дел на бутот на десната нога. Колку време ќе биде потребно за да закрепне напаѓачот сè уште не е соопштено.

Во сезоната 2020/21, Дембеле одигра осум натпревари за Каталонците, постигнувајќи еден гол.

Барселона по 10 натпревари одиграни во Ла Лига го зазема 8. место со 14 бода.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close