Дозвола за оружје добивале лица кои не исполнуваат услови. Полициски службеник давал насоки по кои предмети да се постапува, кажа Тошковски

Селективно се делеле дозволи за оружје. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој кажа дека била направена ревизија.

Утврдено е дека полициски службеник давал насоки по кои предмети да се постапува, а по кои не. Затоа е направена и дисциплинска постапка за поголем број на лица, а таму каде има незаконитости и предметите не биле застарени – донесени се 15 решенија за откааз.

„Се констатираше дека огромен број на предмети, преу 5.000 предмети,не било постапувано во минатото. Притоа, голем број на предмети каде апликантите не исполнувале услови согласно закон, им била давана дозвола за да поседуваат дозвола за оружје“, рече Тошковски.

Според Тошковски, напатствијата од обвинител се да се достават и кривични пријави за сите за кои има докази дека сториле конкретно кривично дело

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close