Ефкоски: Веројатно ќе имаме нови бранови на секои три до четири месеци

САРС-КоВ-2 за сега нема сезонски карактер, барем не како грипот или другите корона вируси кои исчезнуваат во текот на топлите месеци и повторно се појавуваат во ладните месеци.

Ако ја продолжи сегашната шема, веројатно ќе имаме нови бранови на секои три до четири месеци.

Нови варијанти на потенцијална загриженост како BA2.75; BA2.38 веќе се идентификуваат по светот.

Во Индија пример е пријавена нова варијанта минатата недела, која нешто доста се засилува.

Но, и да не е таа која ќе е проблем, друга ќе биде. Ова ќе продолжи и во иднина, а ние ништо не правиме за да ги избегнеме инфекциите. Луѓето се оставени на истребување, односно на некаква “природна” вирусна селекција.

За да не биде така, потребно е поголема информативна кампања за придобивките од носењето на маските. Ако луѓето се загрижени и сакаат да ја избегнат инфекцијата, еден од начините е да ја зголемат употребата на добро поставена маска Н95/FFP2 во затворени простории. Таа ефективно го намалува ризикот од инфекција и во исто време нуди потенцијал да намали ризик од трансмисија на вирусите кон други во околината. Луѓето се истрошени, па како би имале доволно детектирани и изолирани, потребно е да се понудат бесплатни брзи тестови кај матичните лекари. Како би го избегнале масовното заразување, потребно е помош од државата за поставување на вентилација во сите затворени простории.

Последново некако постојано државата го одбегнува како мерка, а истата е основна заштитна алатка за намалување на влијанието на респираторните агенси како вирус.

 

Со оглед на тоа што се случува низ светот и со оглед на веројатноста за понатамошни бранови, вакцинацијата треба да биде опција која треба да се користи од ранливите групи задолжително.

Здравствената култура и едукација, мора да се подигне некој степен погоре. Поради лоши пораки на политичари и лажните вести (некои кажани и од лекари), денес после две години луѓето се уште не веруваат дека постои пандемија.

Илчо Ефкоски

Back to top button
Close