Џентилони: Фондот за економско опоравување 750 милијарди евра

Европската комисија денеска предложи формирање фонд од 750 милијарди евра за да и помогне на економијата да се опорави од последиците на пандемијата на новиот коранвирус, објави на Твитер економскиот комесар Паоло Џентилони.

Од таа сума, наводно, 500 милијарди евра ќе бидат распределени како бесповратна помош и 250 милијарди како заеми.

Џентилони ја објави сумата пред официјалното претставување на предлогот, што ќе го направи претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на пленарната седница на Европскиот парламент.

Back to top button
Close