ЕУ бугарска

Колку што е големо разочарувањето од ЕУ, уште поголемо е разочарувањето од однесувањето на нашите политички елити, од прогласувањето независност па досега. Толку се неспособни, што ни парите од европските фондови што би следеле по евентуалното почнување на преговорите нема да знаат да ги искористат за општо добро, како што не знаат да ги користат ни досега.

Она носење маички „Јас сум Македонец“ среде македонски Парламент, патетично кинење ливчиња и палење запалки на собраниска говорница, свирење со вувузели пред премиерот Димитар Ковачевски, а поданичко молчење пред Урсула фон дер Лајен и покажување среден прст во Собранието како врв на херојската борба против „бугаризацијата“, во суштината е тепачка чии партиски фирми ќе се офајдат од европските фондови.

Толку за темата ЕУ, Бугарија и француски предлог. Кога веќе не можеме да расправаме за владеење на правото, судски реформи, борба против корупција… Оти, тоа ЕУ не ја интересира.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close