ФОТО: Пари, пиштол и кондом до креветот – објавени нови фотографии за кои се тврди дека се од спалната соба на Борисов

Нови фотографии оваа недела беа испратени до локалните медиуми, а кои наводно го прикажуваат поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, како спие во државна резиденција со значителна сума евра во фиока и пиштол оставен покрај креветот.

На едната фотографија се гледа пиштол на ноќна маса и кондом.

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ преку е-маил во кој се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на земјата, пишува Интелњуз.

Обвинителството ги проверува новите фотографии.

 

Back to top button
Close