(ФОТО+ВИДЕО) Трагедија во Јоханесбург: Најмалку 60 лица загинаа во пожар во петкатница

Нaјмалку 63 лица загинаа во пожар кој утрово избувна во зграда во Јоханесбург, нјаголемиот грда во Јужана Африка, соопштија тамошните служби за итни случаи, јавува Би-би-си.

Противпожарни и екипи на тината помош пред зградаата во која утрово избувнал пожарот / Фото: Твитер

Меѓу загинатите, како што пренесува Гардијан имало и мало дете, а според службите за управување со итни случаи уште 43 лица се повредени во пожарот.

Зградата во која избувнал пожарот е евакуирана, а портпаролот на спасувачките служби Роберт Мулауџи, изјавил дека операцијата за пребарување на местото и справување со ситуацијата е во тек. Според него бројот на загинати најверојатно ќе расте, а засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Во внатрешноста на петкатната зграда, како што изјавил Мулауџи, се наоѓала „неформална населба“.

„Има многу неформални структури внатре во зградата, Има многу остатоци што треба да ги отстраниме“ја пренесува Гардијан изјавата на портпаролот.

Властите соопштија дека пожарот во голем дел е изгаснат, но од поцрнетата зграда во центарот на Јоханесбург сè уште излегува чад.

На телевизиските снимки се гледаат противпожарни и возила на итната помош пред зградата која е опколена со бројни полициски екипи.

Како што јавува локалната новинска организација „Тајмс лајф“ станува збор за четврта „постара зграда“ во Јоханесбугр која е зафатена од пожар во последните месеци. Претходно во август се запали горниот кат на зграда во предградието Јеовил, во близина на централната деловна област, додека во јуни две деца загинаа во пожар во Хилбороу, додека во јули пожар избувна по експлозија на гас.

 

Back to top button
Close