Фрлени пиротехнички средства врз луѓето собрани на комеморацијата за жртвите од масакрот во Белград

Во текот на комеморацијата за жртвите од масовното пукање во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, денеска врз собраните граѓани била фрлена пиротехничка направа. Инцидентот се случил додека голем број граѓани се собирале пред училиштето за да им оддадат почит на жртвите на третата годишнина од трагедијата, што предизвикало краткотрајна паника и метеж, пишува Nova.rs.
По фрлањето на пиротехничкото средство, во толпата настанала паника, објави 4news.mk На местото пристигнала полиција, која влегла во зградата од каде што била фрлена направата. „Сите стоеја во мир и тишина. Полагаа цвеќе пред училиштето за убиените деца и училишниот чувар. Тишината беше прекината од силен тресок.
Чад се издигна над групата што стоеше во ред за положување цвеќе, во најгусто населен дел од толпата. Веднаш сите се вознемирија“, јавува репортер на порталот Nova.rs од местото на настанот.
View this post on Instagram
Денес се одбележуваат три години од трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, кога ученикот Коста К, објави 4news.mk уби девет соученици и еден работник од обезбедувањето.
Да потсетиме, тогашниот ученик од седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, Коста К., пукал со пиштол во обезбедувањето на училиштето, наставничка и ученици. На самото место биле убиени осум ученици и работник од обезбедувањето, додека тешко повредената ученичка Ангелина Ачимовиќ подоцна им подлегнала на повредите. Малолетникот сам ја повикал полицијата и се предал.
Веста за пукањето на Врачар, во училиште во центарот на Белград, брзо се проширила и ја вознемирила јавноста во Србија. Родители и пријатели на децата што учеле во ова училиште почнале да се собираат пред влезот за да дознаат информации за своите деца. За жал, некои родители истиот ден, на 3 мај, добиле трагична вест дека нивното дете е убиено.
Влезот на училиштето во наредните денови станал место за собирање, каде граѓаните им оддавале почит на загинатите, палеле свеќи, носеле цвеќе, играчки и оставале пораки. Медиумите во регионот и во светот ги прекинале програмите и известувале за овој настан.
Извор: 4news.mk






