На барањето да биде затворена,газдата на „Пинк“ им одговори на Гробари и уште повеќе ги разбесни (ФОТО)

Паролата на навивачите на Партизан против „Пинк“, водечката телевизија во регионот која промовира огромен шунд и насилство преку реалити програми, силно оддекна не само во Србија туку и пошироко, поради што набрзо дојде одговор од газдата на оваа медиумска куќа, Жељко Митровиќ.

Тој на пораката „Вклучи го мозокот, исклучи го ‘Пинк’“, реплицира со „Кога не го сакаш ‘Пинк’, тогаш губиш“, со што дополнително го навлече гневот врз себе и тоа не само од „Гробари“.

Веднаш по објавата тој беше жестоко нападнат на социјалните мрежи, со закани дека допрва ќе почнат акции за бојкотирање на програмата на оваа телевизија, која е исклучително гледана и во Македонија и тоа најмногу поради содржината со низок квалитет и вредности кои ги презентира и промовира. (Sport1)

Во Србија по невидениот злочин во училиштето во Белград на социјалните мрежи почнаа петиции за затварање на телевизиите Пинк и Хепи заради ријалити програмите и насилството и шундот кој го емитуваат овие телевизии.

Деновиве по убиствата во Србија телевизијата Пинк која и претходно беше етикетирана за невкусот и насилството особено во ријалити програмите, е на удар на јавноста дека со содржините кои ги емитува газдата Митрович заработува огромни пари на штета на насилството со кое ги „опива“ граѓаните а пред се младите.

Back to top button
Close