Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор, рече Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во „Топ тема“ на тв Телма.

„Тоа е недозволиво. Верувам дека ситуацијата ќе се подобри. Од она што го имаме како информација од Градот, дека Градот прави напори, заедно со помош на владата, да набави одреден број на возила кои ќе придонесат да се подобрат условите во делот на хигиената“, изјави Герасимовски.

Тој рече дека „Општина Центар, а верувам и другите општини, се подготвени и сами да ја одржуваат хигиената доколку ни се префрлат ингеренциите“.

„Тоа го покажавме и пред изборите кога се соочивме со огромен проблем со хигиената. Имаме 120 хигиеничари кои што се постојано на терен. Секое утро ги почнуваат нивните работни обврски од училиштата, градинките, потоа продолжуваат кон сите останати улици и зелени површини. Но, проблем е чистење на сметот од самите контејнери и околу контејнерите. Не треба прстот да го покажуваме кон сите градоначалници, треба малку и меѓу себе да си ги покажеме прстите. Сите доста шетаме. Јас она што последно што го видов во Амстердам е отворање на подземните контејнери со картички и фрлање на смет во реонот во кој што живеете. Ако живеете во Дебар Маало, не смеете да фрлате смет во Капиштец“, истакна Герасимовски.

 

Back to top button
Close