Грција, Македонија, Србија и Бугарија се договорија за проширување на Вертикалниот коридор

На четвртиот министерски состанок за енергетика и поврзување во Југоисточна Европа, кој се одржа во Атина, министрите и претставниците задолжени за енергетика од Грција, Србија, Македонија и Бугарија се согласија за проширување на Вертикалниот коридор кон Западен Балкан.

Според грчкото Министерство за животна средина и енергетика, на состанокот се разговарало за предизвиците поврзани со европската и регионалната енергетска безбедност, зајакнувањето на меѓусебните поврзувања и енергетската соработка во регионот, како и за потребата од забрзување на стратешките енергетски инфраструктурни проекти.

„Се договоривме за проширување на Вертикалниот коридор со Северна Македонија и Србија, како и за институционализирање на соработката меѓу четирите земји“, изјави грчкиот министер за енергетика Ставрос Папаставру.

Тој додаде дека следниот состанок ќе се одржи во Белград во септември.

„Со заедничка визија и јасен план, енергијата станува сила за поврзување и просперитет во регионот“, порача Папаставру.

Back to top button
Close