Гросо нов тренер на Фиорентина

Калчолигашот Фиорентина го назначи денеска поранешниот италијански репрезентативец Фабио Гросо за свој нов тренер, потпишувајќи двегодишен договор.
Четириесетиосумгодишниот Гросо, кој го постигна победничкиот гол за Италија во пенал серијата против Франција во финалето на Светското првенство во 2006 година, ја почна својата тренерска кариера во Серија Б со Бари и Верона, пред да ги предводи Бреша, Сион, Фросиноне, Лион и Сасуоло.
„Никогаш не сакам да давам ветувања, но свесен за одговорностите што ме чекаат, веднаш чувствувам дека можам да гарантирам сериозност, професионализам и посветеност на градење тим кој има храброст и амбиција“, рече Гросо во изјава за клупскиот сајт.






