Гротескно-морбидна дебата: стрпете се со умирачката  до крајот на јуни!?

На самиот почеток, за нештата да бида појасни:зад редовите кои следат, стои пензионер со 8 (осум) годишно “искуство” кој, случајно, е и новинар со (од оваа есен и формално) 50 (педесет) годишно професионално искуство. Толку за компетентноста.

За ова што деновиве се случува со и околу пензионерите, кумановци би рекле: дошја нож до коску!?

Оваа земја, ова општесто – такво какво што е, е резултат и плод на сегашните пензионери и нивните таковци и дедовци. Друго е прашањето, како сега го водат нашите синови, ќерки и внуци? Oпштестгво, додека го водеа сегашните и претходните пензионери, беше праведно општество.

Денешното општество претура по коските на починатите. За трагедијата да биде комплетна, во тоа се вплеткани и самопрогласените раководства и раководители на пензионерските асоцијации – еснафски и политички, а дел и владини, институционални тела.

Како поинаку да се разбере тековната, морбидна дебата околу ПОСМРТНИНАТА (посмртниот додадок) што сеуште живите пензионери ја издвојуваат во своето трето доба, за да им се најде – ЗА НЕДАЈБОЖЕ, за четвртото? Сеедно дали тоа го сториле свесно и доброволно, или – НА ПРЕПАД !!!

По коските на починатите некој тера политика, некој тетрално, бизарно политиканство, некој покрива очит криминал, а, сјите заедно, гледаме еден театар на апсордут, достоен на пиесите на Ежен Јонеско, или творештвото на Едгар Ален По!

За апсурдот да биде комплетен, закинувањето (нека биде и оддолжувањето!) на тие фамозни 5.000 денари од посмртнината, дојде во пакет со сторијата околу “историското покачување” на пензиите! Циниците, со право или не, секогаш ги добиваат своте пет минути за да заклучат: тие 3.000 денари, во наредните 3 месеци, всушност, се од оние 5.000 денари од посмртнината!Се разбира, не сакам да верувам дека е така, но…

Откако работата ја закашкаа до гротестка, а јавноста со право експлодираше, дел од учеснице во таа апсурдна драмолетка, почнаа да се извлекуваат, оставајќи го кабаетот само на раководството на Сојузот на пензионерите, иако, претходно, ги гледавме заедно на екраните!

Втерани во ќош и оставени сами, тие пак ретерираа, објаснувајќи ни дека закинувањето не е до – ЗА  НАВЕК, туку само за два-тери месеци, колку да се премости недостатокот од средства, внимавајте, “настанат поради зголемета умирачка со ковид пандемијата!” Соопштени се и конкретни бројки!!!

Гротесткно, морбидно! Апсурд и хорор!

Уште и образложението дека поради недостатокот, се доцни по неколку месеци со исплатата на ПОСМРТНИНАТА!?

Зарем Здружението нема пари за внатрешна прерааспределба, те посегнува по парите на оние кои, кутрите, издвојувале за да им се најде кога заминуваат од светот кој самите го зоздавале!? Зарем нашата држава нема од каде да го позајми тој ситнеж, во време кога политичарите на своите медреси им исплаќаат десетици илјади евра, од буџетот што ние го создаваме, а фамозниот Ване Цветанов не може да ја води институцијата која му ја доверила државата, без својата невенчана медреса!? Изговорот е дека работела без хонорар – овде и на патувањата понадвор!

А,бе, Ване, ако Министерството за финасии не ти одобрува вработувања, свиткај бел лист и поднеси оставка. Ако не знаеш како, прашај ме мене. Кога Марјан попот (сега универзитетски даскал!), се обиде, преку внатрешни јатаци, однадвор да ја раководи Агенцијата за информации, свиткав лист, отидов на “Бихаќска”, писмено се повлеков од СДСМ, а Рада истата вечер ме разреши, демек, сум поднел оставка до Валадата! Живи се, прашај ги и Бучко и Рада, не боли колку што мислиш!Само одземеното достоинство боли.

Доволно материјал, за некој нов Јонеско!

Математиката сум скаран, ама немам причини да не им верувам на математичарите, кои пресметуваат дека пензионерите, за ЧЛЕНАРИНА И ПОСМРТНИНА, годишно издвојуваат до 10 милиони евра, од кои до 2 (ДВА) милиони се членарина која ја трошат здруженијата! Каде се парите?Ајде, дури и да почекаме со умирачките до на лето, каде се парите од членарината од близу 2 (два) милиуони евра? За што тие се трошат и кој е ќарот за пензионерите од своите Здруженија?

Порано не испраќаа на бањско лекување. Кој не бил во “Дебарски бањи” тој не знае каков е нашиот третман таму. Посебна сала, посебна листа на јадење! За воља на вистината кај Трифкета во Негорци е малку подобро, ама и таму не смеете во дел од хотелот, каде се сместени западните чувари на нашата јужна граница.

Каде се парите?Знам за еден случај во Штип, каде и формално беше осуден еден од раководителите на локалнотко Здружение, за криминал. Изминативе години, сведочев и пишував за очигледнииот криминал во Здружението во Охрид.Фрчеа кривични пријави. Се водеше и судски процес, како сведок доагаше екс-претседателот од Скопје, нашиот колега Драги Аргировски. Во Охрид се било работено со негово знаење. Кога Здружението во Охрид, ќе банкритираше, или не сакаше да ги исплаќа долговите, отвораше нова жиро сметка, ново – ЌЕРКА ЗДРУЖЕНИЕ!?

Парите што ние ги издвојувавме за членарина и НЕДАЈ БОЖЕ, завршуваат кај адвокатите и застапниците на раководителите од Здружението. Ако мислите дека станува збор за ситнеж, читајте буквално: ВО ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА!!!

И, пак, никому ништо. Не сум сигурен, веќе кренав раце што институциите не постапуваат, но ми се чини дека истите луге сеуште “не раководат!”. Ако се истите, тоа се двајца поранешни полициски работници. Ова не како навреда, туку како чуденка: оние за кои сме мислеле дека се цветот на оваа нација и дека на светот дошле да не штитат од зло и криминал.

Веле Митаноски

Back to top button
Close