Хари не доаѓа во Британија, тоа би ѝ наштетило на Кејт Мидлтон“: Еве што велат кралските биографи


Принцот Хари и Меган Маркл открија дека Кејт Мидлтон има рак, како и остатокот од светот, по вчерашната објава на принцезата од Велс.

Војводата и војвотката од Сасекс испратија јавна порака за поддршка, а потоа стапија во контакт со принцезата и принцот Вилијам, пишува Дејли мејл. А како се оценуваат нивните сегашни односи со кралското семејство и како новите случувања ќе се одразат на тие односи?

Ричард Фицвилијам, кој ги следи настаните на кралскиот двор, рече дека верува дека Хари е скшрен од болка што Кејт Мидлтон се бори со опасната болест, зашто токму таа порано му беше како сестра.

„Дали ќе дојде во Велика Британија да ја посети Кејт, времето ќе покаже“, рече тој.

Пораката на Хари и Меган е опишана како „љубезна“ и се смета дека поттикнува надеж дека јазот меѓу двете семејства ќе се надмине. Сепак, некои размислуваат сосема поинаку и истакнуваат дека принцот покажал дека е бездушен.

Биографот и историчар Хуго Викерс вели дека Меган и Хари засега треба да останат во Калифорнија, каде што живеат веќе неколку години, за да и помогнат на идната кралица во борбата против ракот.

„Луѓето прашуваат дали принцот Хари ќе се врати и ќе им помогне, но мислам дека тоа би било многу контрапродуктивно“, истакна тој. Хари претходно нагласи дека ќе се врати на должностите по заминувањето од Велика Британија доколку таткото Чарлс Трети го побара тоа.

Принцот беше во Лондон во февруари за да се сретне со кралот, а се очекува да дојде во Британија во мај на важната годишнина од Игрите Инвиктус, на кои тој е покровител.

Дејли Мејл пишува дека Меган и Хари не биле претходно информирани за здравствениот проблем на Кејт Мидлтон – извори тврдат дека Меган и Кејт биле во контакт во последните два месеци, но дека овие разговори биле „на дистанца“.

Викерс ја опиша пораката од војвотката и војводата како „љубезна“, а на прашањето дали тоа ќе доведе до помирување на семејствата по серијата скандали, тој рече: „Да се ​​надеваме дека ќе биде така. Искрено не мислам дека тоа е во план во моментот. Има толку многу работи што треба да се случат пред тоа да стане возможно. Мислам дека тоа би било само одвлекување на вниманието“.

Во меѓувреме, уредникот на ИТВ, Крис Шип, рече дека Хари бил во контакт со братот Вилијам по веста дека Кејт боледува од рак.

Кејт Мидлтон, за чие закрепнување ова ќе биде важно, објави дека боледува од рак два месеци откако имаше тешка операција на абдоменот во Лондон. Во тек е рана фаза на лекување. Не е соопштено за каков вид на рак се работи, ниту пак деталите за стадиумот на болеста.

Back to top button
Close