Ијан Мекелен “не сакал обврски – ја прекина врската со 54 години помладиот партнер

Сер Ијан Мекелен (84) ја прекина врската со Оскар Конлон-Мори (30) по една година состанување, пишува „Дејли мејл“.

Ѕвездата на „Господарот на прстените“ („Lord of the Rings“) го запозна 30-годишниот актер додека глумеа мајка и син во претставата „Мајка гуска“ („Mother Goose“) кон крајот на 2022 година.

Тие брзо станаа неразделни, а Оскар го опиша Ијан како „љубовта на неговиот живот“.

Пред неколку години, Мекелен изјави дека неговиот живот многу се променил откако призна дека е геј. Популарниот Гандалф од „Господарот на прстените“ ѝ призна на јавноста дека го привлекуваат мажи на 50-годинишна возраст. Тој ја криел својата сексуална преференца во младоста бидејќи, како што вели тој, мислел дека нема да биде прифатен. Актерот не можел да ја сподели својата тајна ниту со неговите родители бидејќи тие починале рано.

Неговата последна врска, според нивниот познаник, прекинала бидејќи Мекелен не бил подготвен за обврски.

„Оскар им кажа на пријателите и семејството за неговите големи планови со Мекелен. Тој дури рече дека мислел дека ќе се свршат.

Мекелен немал момче 20 години. Тој не сака некој да живее во куќата со него“, спорели нивниот познаник.

Back to top button
Close