Инспектори спречени да направат контрола во позната кафеана на „Боемска улица“ во Скопје?!

„Граѓански збор“ дознава дека инспекторите од Државен пазарен инспекторат наводно биле спречени да направат контрола во внатрешниот дел во позната кафеана, на “Боемска улица”, односно во винаријата сместена таму.

Келнерите, како што објавува порталот, не отклучувале со изговор дека немале клуч, и ги избркале инспекторите надвор, за да после 5 минути од внатре излезе и покрај нив помине лидер на политичка партија, тврди порталот.

Поврзано:

Во 21:30ч вонредна прес-конференција на раководителот на Инспекциски надзор- одделение Скопје, Мери Проја Продановска

Дополнето:

(ВИДЕО) Продановска: Инспекторите беа спречени да извршат контрола, по 2 и пол часа од кафеаната излезе лидер на политичка партија

Back to top button
Close