Израел: Го убивме лидерот на Хeзболах Хасан Насрала
Израелската армија соопшти дека шефот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен вчера во воздушен напад во Бејрут.Да потсетиме, лидерот на Хезболах, Хасан Насралах синоќа беше недостапен по израелските напади врз јужните предградија на Бејрут, изјави за Ројтерс извор близок до либанската вооружена група, пренесе Њујорк Пост.
Неколку часа по нападот, Хезболах не објави изјава за неговата судбина.
Последните напади се случија неколку часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави пред Генералното собрание на ОН дека неговата земја има право да ја продолжи својата воена кампања сѐ додека Хезболах продолжи да го избира патот на војната.
Вчерашните напади на Бејрут, убедливо најсилните од почетокот на ескалацијата на конфликтот, означуваат остра ескалација на конфликтот, наведува Блумберг.
Либанските власти потврдија дека во вчерашниот напад, четврти по ред во јужните предградија на Бејрут, контролирани од Хезболах во изминатата недела, загинале шест лица, а 91 е ранет.
Повеќе од 700 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан во текот на изминатата недела.
Иран, кој го поддржува Хезболах, го обвини Израел дека користел американски бомби „уништувач на бункер“ во вчерашниот напад.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека САД не биле претходно информирани за нападот врз седиштето на Хезболах и дека претседателот Џозеф Бајден бил информиран за развојот на настаните.