Како да ги отстраните непријатните мириси во домот? Природни состојки кои можат да ви помогнат

Постојат неколку едноставни и природни методи со кои можете да ги неутрализирате непријатните мириси во вашиот дом користејќи состојки кои веројатно веќе ги имате. Овие методи се ефективни, безбедни и достапни, и ќе направат вашиот дом да се чувствува свежо и удобно.

Еден од најдобрите совети е да користите сода бикарбона, која е одлична за отстранување на непријатниот мирис. Ставете секаде каде што чувствувате непријатни мириси – во фрижидер, канта за ѓубре, па дури и во машина за миење садови. Сода бикарбона е многу достапна и ќе избегнете да трошите пари на скапи спрејови и други средства за чистење.

Друг едноставен метод вклучува природни состојки како лимон, рузмарин, каранфилче и ванила. Земете еден лимон исечен на кришки, две гранчиња рузмарин, една лажичка каранфилче и малку ванила и сè сварете во зовриена вода.

Оваа смеса ќе го исполни вашиот дом со пријатни мириси, а откако ќе се излади можете да ја користите како спреј за соба. Ако додадете бел оцет, ќе добиете појак спреј кој можете да го користите и за чистење на површините во вашиот дом.

За да го неутрализирате мирисот во фрижидерот, замрзнувачот или едноставно во кујната, ставете сад со свежо мелено кафе. Овој метод исто така ефикасно ги отстранува непријатните мириси и остава пријатен мирис во просторијата.

Етеричните масла се уште еден одличен начин за подобрување на квалитетот на воздухот во вашиот дом. Не само што го подобруваат вашето чувство за мирис, туку можат да ви го подигнат расположението, да ве опуштат или дури да ја подобрат концентрацијата, меморијата и функцијата на мозокот.

Миризливите свеќи се уште една популарна опција за внесување на пријатни мириси во домот. Сепак, препорачливо е да инвестирате во квалитетни свеќи со есенцијално масло, бидејќи евтините и неквалитетни свеќи може да содржат штетни хемикалии кои можат да бидат опасни по вашето здравје. (Trn)

Back to top button
Close