Кaко не ви е срам и арам, бре!?
Во монструозната операција која се води сега за “контрола на штетата “(damage control) од ДПМНЕ и нивниот министер за внатрешни, а настаната од неверојатната трагедија која ни се случи на сите нас со смртта на 60-тина младинци/ки во нокниот клуб “Пулс” овие актери бесрамно се обидуваат уште малку па, да го обвинат за ужасниот настан Зоран Заев и Али Ахмети, како ми се чини ?
Завлегувајки во некои апсења, потерници, во дебати кој ја издал и до кога важела лиценцата за Клубот, во ароганција помешана со страв кој извира од очите на Министерот кога им дели лекции на новинарите за тоа како да поставувале прашања – се во сенка на ужасната трагедија – не можете да почуствувате друго освен превртување во стомакот, од гадење и бес.
Министерството за внатрешни со серија акти кои не ги направило е одговорно за настанот – трагедијата, односно ако ги направеле законските обврски кои морале да ги сторат, настанот можел да биде спречен или барем неговите последици драстично намалени. Имено МВР морало, бидејки било претходно информиран, поради неговата обемност и можност од било какви инциденти (тоа се прави рутински со такви настани), да го обезбеди настанот однадвор. Но МВР тоа не го сторило!
МВР морало да обезбеди внатре во салата полицајци за можни инциденти долж концертот (исто вообичаено се прави за настани од ваков обем: 500 млади луѓе во затворен простор кој е сомнително адаптиран за таков настан). Значи не да праќа полицајци да ловат дилери туку да проценуваат можни инциденти и опасни ситуации и да го запрат концертот ако е потребно).
Каква сака да му е лиценцата на клубот, да му била супер-легална не може да му овозможи на Затворен клуб одржување на концерт со 500 луѓе, без посебна проверка и посебна дозвола! Лажна и замајувачка е дебатата до кога траела лиценцата, кој ја потпишал и сл. Еве да претпоставиме дека била легална, да траела уште една година? Што со тоа? Повторно е невозможно да добие дозвола клубот за конкретен концерт од ваков обем, за што директно е одговорно (за проценката и дозволата) МВР, а тоа таква проценка не направило!
• МВР морало да обезбеди противпожарни возила околу објектот поради неговиот обем и ризик и веројатно и кола за брза помош (сето тоа се рутински работи за концерт од ваков обем и на вака ризично место) . МВР тоа не го сторило.
• МВР, што е најважно и најтрагично, морало да издаде посебна дозвола за користење на пиротехнички средства . МВР таква дозвола не издало ниту разгледувало, а нивната употреба/злоупотреба била директна причина за пожарот и трагедијата .
Што направило МВР? Дознало по телефон дека настанал пожар и отишло релативно брзо (изјава на министерон) на местото на настанот??? Боже???
Мачно е да го гледаш Министерон за внатрешни како глуматара ароганција во ситуација кога мора да понесе политичка одговорност за нечинење на министерството кое го раководи. Значи кратко: Оставка Министре .
Вашите прес-конференции новинарите треба со свртен грб да ги следат.
Вашиот мандат ќе биде обележен со оваа трагедија, но тоа е така никој посебно нема да го забележува тоа во сенката на оваа огромна трагедија за Македонија и семејствата на младинците/ките кои ги загубија животите и чии семејства никогаш повеке нема да можат да бидат исти .
Љубомир Д. Фрчкоски