Кардиологија:  Стаменковски ја напушти клиниката на сопствена иницијатива

Сопственик на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од клиника за кардиологија, по негово барање, информираа од таму за Канал 5.

Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби.

Нему веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот.

Повеќе

Back to top button
Close