Кој ќе седне на чело на Вишото јавно обвинителство? Пет кандидати во трка

Според информации на ТВ21, вкупно пет кандидати аплицирале на огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство. Станува збор за Артан Ајро, Фатиме Фетаи, Енџелуше Кадриу Леши, Теута Бедиу Рамадани и Јасмина Костеска Здравеска.

Рокот за поднесување на апликациите истече минатата недела, а конечната одлука за изборот ќе ја донесе Советот на јавни обвинители.


 

Во моментов функцијата вршител на должност шеф на Вишото јавно обвинителство ја извршува Наташа Крстевска Цалева, која беше назначена неколку месеци по суспензијата на долгогодишниот шеф на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи.

 

Постапката за избор на нов шеф и претходно не донесе резултат. На 40-тата седница на Советот на јавни обвинители, ниту еден од тогаш пријавените кандидати не го обезбеди потребниот број гласови за избор.

 

Сега останува Советот на јавни обвинители повторно да одлучува за кандидатите и да го избере новиот раководител на Вишото јавно обвинителство.

Back to top button
Close