Левица: Директорот на затворот во Прилеп е аболициран бранковист
На една од минатите седници на Владата, за вд директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ – кој во 2008 година бил АБОЛИЦИРАН од страна на тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, велат од Левица.
„Како што претходно информиравме, тој во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари.
Левица повторно јавно ја повикува Владата на ДПМНЕ, да не дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални – да ги достави документите за нивното криминално работење до Обвинителството и овозможи фер и транспарентна постапка да се докаже дали и за колку е оштетен народниот буџет.
Јасно е дека криминалците на СДС ги наполнија редовите на ЗНАМ, да преку нивното учество во Владата бидат и ослободени од понатамошно процесирање на нивното сомнително минато“, стои во соопштението од Левица.