Мајката не сака да го види синот кој направи масакар во училиштето- момчето убиец никој не го посетува

Момчето убиец кој го направи масакрот во Белградското училиште „Власислав Рибникар“ на Врачар шести ден е сместен на психијатриска клиниа а како што дознава Курир неговата мајка ни еднаш не искажала желба да го види.
Тој е сместен на клиниката и лекарите ја следат секојдневно неговата состојба а болницата е под полициски надзор.

Белградски Курир дознава дека единствено кој дошол на клиниката за момчето била негова роднина која не сакала да го види и посети туку само донела лични работи за да му ги дадат.

Татко му е во притвор и неможе да го види а мајкаму според изворот на курир нити побарала нити пројавила желба да го види.

Коста К на 3 мај изврши монструозно дело убивајќи во учичиштето 8 свои другари соученици и чуварот на училиптето. Бидејки нема 14 години не може според закон кривично да одговара.

Министерката Дарија Кисиќ изјави дека по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ сите имале инстинктивна потреба да ги видат своите деца и своето семејство, своите родители.

– Момчето е во здравствена установа, на детска психијатрија. Секојдневно сме во контакт со семејството на момчето. Помина краток период од трагедијата и ќе бидеме во контакт уште долго. И така е во секој поединечен случај. Не може да се случи ова момче да биде ослободено. Тој е во здравствена установа. Кога станува збор за загрозување на безбедноста на околината или потенцијално загрозување на безбедноста, вклучени се цела низа релевантни актери. Не е толку едноставно. Многу е кажано за превенцијата, но како да се спречи во овој случај кога не сме ги нашле причините? Детето потекнува од социјално компетентно семејство на високообразовани родители кои добро заработуваат, а тоа го покажуваат сите оценки на Центарот за социјална работа. Поради санирање на раната на усната пред две години, поради потенцијално насилство од врсници, родителите ја известиле полицијата и веднаш се вклучил центарот за социјална работа кој извршил надзор. Како што имаше низа причини кои доведоа до ова долго време, така и оценките на експерти од различни области ќе траат долго, изјави Дарија Кисиќ

Back to top button
Close