Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз во првиот натпревар на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ беа поразени од фаворитот Шведска со 28-18 (15-7).

Избраничките на Кристијан Грчевски беа рамноправни со противникот само во почетните минути, а потоа Швеѓанките ги преземаа работите во свои раце. Во еден момент на семафорот стоеа неверојатни 24-8 за противничките.

Во завршницата од средбата успеавме да го ублажиме поразот и дојде до негативата од десет гола.

Кај Македонија Кипријановска, Јанкуловска, Младеновска и Ристовска постигнаа по 3 гола, додеја голманката Мицевска запиша десет одбрани.

Следен противник на Македонија е Турција, дуелот се игра во сабота.

Back to top button
Close