Манчестер јунајтед ја прекина победничката серија на Арсенал

 Манчестер јунајтед го победи Арсенал вечерва на домашен терен во дербито на 6.коло од Англиското фудбалско првенство.

За Јунајтед ова е четврта победа во низа по двата стартни порази, додека Арсенал го запиша првиот пораз во сезоната 2022/23.

Двоен стрелец за „црвените ѓаволи“ беше Маркус Рашфорд, еднаш погоди дебитантот Ентони. Стрелец на голот за Арсенал беше Бакајо Сака.

И покрај поразот, Арсенал останува на лидерското место во Премиер лигата со 15 бода. Следуваат Манчестер сити и Тотенхем со по 14, Брајтон има 13, Манчестер јунајтед е петти со 12.

Back to top button
Close