Мажите откриваат: Што никогаш не ѝ кажуваат на жената?

На мрежата „Редит“ се појави предизвик до мажите. Темата е – откријте ги тајните кои никогаш не им ги кажувате на жените. „Базфид“ ги издвои најдобрите одговори.

Комплиментите прават чуда!

– Ако (жена) ми даде комплимент, веројатно ќе го помнам засекогаш. Сѐ уште се сеќавам кога една девојка на факултет ми кажа дека изгледам убаво со брада, кога ја пуштив да потпорасне малку. Оттогаш имам брада, гласи една машка исповед.

 

Размислување за неважни работи

– Ако го прашате момчето за што размислува и тој каже „Ништо“, најверојатно тоа навистина е – ништо. Знаеме дека она на што мислиме е толку глупаво и бесмислено што ние навистина не чувствуваме потреба да кажеме некому за тоа, појаснува следниот испитаник.

 

Доброволната самотија не е знак на отуѓеност

– Кога сакам да бидам сам, тоа не значи дека не сакам да бидеме околу (жената), туку оти одредено време не сакам да бидам со никого, тврди друг маж.

 

Како да поставите прашање и да добиете одговор?

– Поголема е веројатноста да го добиете она што го сакате од нас ако ни го кажете директно, вели наредното момче.

 

Кога девојката носи машки кошули...

Навистина ми се допаѓа да ја гледам мојата партнерка како ги носи моите кошули. Може и да ги задржиш – изгледаат многу подобро на тебе отколку на мене!, ќе рече друг корисник.

 

Прегратка

Навистина уживам кога таа ме прегрнува одзади, како што и јас обично ја гушкам. Сериозно, тоа е сѐ што сакам, признава следниот маж.

 

Разговор за секс со другар(к)ите

– Според моето искуство, ние (мажите) не говориме за нашиот сексуален живот со другарите, како што тоа го прават половина од жените, тврди друг.

 

Нема двосмислени одговори!

– Ако ми поставиш прашање, одговорот што ти го давам е вистинскиот одговор. Не треба да проверуваш двапати или да прашуваш на друг начин – јас сум сигурен во својот одговор. Не те лажам и не ти кажувам што сакаш да слушнеш. Тоа е мојот одговор. Тоа нема да се промени, а ако сакаш поинакво мислење, или прашај некој друг или едноставно игнорирај го тоа што го зборувам!, гласи едно од подолгите појаснувања.

 

Едноставна комуникација

– Комуницирајте на најосновното ниво. Момците може да се збунат и погрешно да ги толкуваат сложените емоции за коишто девојките мислат дека тој ќе ги разбере, напиша следниот испитаник.

 

Уживање во малите нешта

– Уживам во едноставните работи – родендени, Денот на таткото и слично. Понекогаш пијалак, брза храна и одмор е сѐ што сакам да правам за „мојот ден“, особено ако се земе предвид дека многу момци „умеат“ да се истрошат славејќи го својот посебен ден, заклучи наредниот корисник.

Back to top button
Close