Мицкоски не ги спомна со име но во заканата се препознава порака до веледрогеријата Пановски и др. Филипче дека планира да се пресмета со нив.


Можеби и како во сите области, така и во здравството не ни треба рестарт, туку ни треба една трансформација. Целосна трансформација затоа што времето како да не го следиме, и сега сето тоа кога ќе му при додадеме лошо менаџирање посебно последните 6 години од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш рестартирањето не би било соодветна мерка која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би требало да го направи. Нас ни треба целосна трансформација, дециден е претседателот Христијан Мицкоски во неговото обраќање на денешната дебата Здравствена платформа за иднина на тема Концепт за здравство.

Од партиската трибина Мицковски упати отворена закана до како што ја нарече „омилената веледрогерија“ која со години ја снабдува клиниката за Онкологија со биолошка и имуно терапија дека кога ке дојде на власт ке се прошири истрагата за злоупотребите на клиниката и дека ке одговара и веледрогеријата која заработувала милионски суми на сметка на животите на илјадници пациенти како и лица од министерството за здравство кои во тој период биле на функции. Мицковски избегна да го спомне името на веледрогеријата Пановски а со спомнувањето на лица од министерството се претпоставува дека мисли пред се на др Филилче кој како кадар ба СДСМ беше на чело на министерството во владата на Заев и е министерот кој ја донесе биолошката терапија како новитет кој на илјадници лица им помага во лечење на канцерот.

Back to top button
Close