Мицковски по трет пат на „прошетка“ во Америка

Премиерот Христијан Мицкоски тргнува во речиси целонеделна дипломатска офанзива во Минхен, Германија, и во Вашингтон, САД, соопшти Владата.
Во Минхен од утре, па во наредните три дена, ќе се одржува Минхенската безбедносна конференција каде се собираат политичките лидери од светот во пресрет на актуелните прашања поврзани со украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со ЕУ.

Голем дел од дискусијата што водеше до конференцијата беше за тоа дали пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, ќе го претстави својот долгоочекуван мировен план во главниот град на германската покраина Баварија. Премиерот Мицкоски ќе предводи Владина делегација која ќе учествува на Минхенската конференција при што ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на западниот балкан, како и панел-дискусијата на „Форин полиси“, каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво. Воедно се очекуваат и повеќе билатерални средби со преставници на ЕУ и негови колеги од регионот.Оваа прилика ќе биде искористена за преставување на македонските напори на патот кон ЕУ и потребата Унијата повеќе да се заложи за македонските интеграции и уважување на досегашните напори“, пишува во владиното соопштение.

По завршувањето на конференцијата, Мицкоски ќе отпатува за Вашнингтон каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на Американската конзервативна партија, поточно ЦПАЦ, што е најголем собир на конзервативците, додаваат од Владата.

Back to top button
Close