Милошоски не ја продолжи седницата за пратенички прашања: „Не е ова Баерн против ПСЖ па да додадеме 8 минути“

Заменик-претседателот на Собранието, Антонио Милошоски во реплика до пратеникот Халил Снопче му порача дека не одземал време на никого и дека седницата за опозициски пратенички прашања секогаш траела по два часа. Вели дека тоа што некој пратеник подоцна се пријавил за процедурално, не може да го регулира.

-Секогаш кога имало можност, секогаш сте поставувале прашање. По однос на процедуралните, не може сега како кога играат Баерн Минхен против ПСЖ, па има два-три фаули, па јас дадам пет минути, а вие да дадете три, па да имаме продолжение од 8 минути. Два часа трае. Навистина постапив максимално коректно, без некаква тенденција, кажа Милошоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Тој додаде дека деловнички постапил и дека никој нема одговорност во случајот и дека ја разбира реакцијата на Снопче.

Back to top button
Close