МКС смени судија од панелот кој треба да донесе одлука за налози за апсење на израелските лидери

Меѓународниот кривичен суд соопшти дека заменува еден од тројцата судии во предистражниот совет кој треба да одлучи дали ќе го одобри барањето на обвинителот Карим Кан за налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, поради наводни воени злосторства во Газа.

Кан го поднесе барањето во мај, но судот се уште нема донесено одлука.

Судијката Јулија Моток од Романија побара да биде изземена „врз основа на медицински причини“. На нејзино место ќе дојде судијката Бети Холер од Словенија.

Израелските медиуми јавуваат дека овој потег најверојатно ќе ја одложи одлуката за налозите, пренесува ДПА. ј

Back to top button
Close