Мојаноски за палењето на Библија за деца: Тоа се поединечни случаи, Библијата ги помина сите потребни рецензии

 

Станува збор за поединечни случаи, Библијата ги помина сите потребни рецензии, вели за Телма универзитетскиот професор Цане Мојаноски откако на социјалните мрежи се појави видео со палење на детска библија, бидејќи велат, издавачот не бил православен.

Порталот Религија.мк реагира на објавеното скандалозно видео на социјалните мрежи на кое е прикажано како лица кои се претставуваат како верници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија палат Библија наменета за деца, со повик истото да го сторат и нивните следбеници.

Причината според објавата е тоа што литературата е напишана од автори кои не се православни.

Верски претставници реагираат дека ова е класичен чин односно повик на ширње и спроведување на верска омраза, иако додаваат дека материјалот е издаден и рецензиран од високо еминентни професори по Теологија од Богословскиот Факултет и се со благослов на МПЦ-ОА.

За случајот со палењето на Библиите, рерагише отец Филип Иванов од Евангелската црква во Велес. Тој вели дека Библиите за млади иако се од протестантски автор и се финансирани од протестантска мисија се со препорака т.е. благослов на Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан како и дека Библиите се делат од страна на православни свештеници, во православни цркви после литургија. Додава и дека Библиите се подарок, и никому не му се даваат на сила.

Станува збор за донација од 225 илјади примероци и сите се во циркулација благодарение на МПЦ – ОА реагира на својот ФБ профил отец Иванов.

 

Преземено од Телма ТВ

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close