Момчето убиец се премислувало пред масакрот „Сакал да и се јави на мајка му да дојде да го земе, а потоа одлучил да пука“!

Мајката на момчето (13) кое на 3 мај го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар е сослушана во полиција по барање на Првото основно јавно обвинителство во Белград по покрената истрага поради сомнение за запуштање и злоупотреба на малолетно дете.

Како што дознава белгрaдски Курир, кобниот ден, пред да пука во соучениците, момчето се предомислило и сакало да и се јави на мајка си да дојде да го земе од училиште!

Секундите беа одлучувачки

– Дошол на училиште вооружен и со план, но во моментот кога го видел чуварот Д.В., кого го сакал и почитувал, помислил да се откаже од се и почнал да и вика на мајка си да дојде да го земе. Меѓутоа, кога видел дека чуварот сака да му помогне бидејќи видел дека се однесува чудно, извадил пиштол и го застрелал, а потоа тргнал во крвав поход околу училиштето кога убил и девет негови другари – вели изворот на белградски Курир:

-По извршеното злосторство К.К изјавил дека е сам во се, никој немал поим што прави, и дека не сака да го инволвира семејството во масакрот.

Според пријателите на семејството на момчето, неговата мајка сакала тој да биде најдобар, а тој наводно сакал да ги задоволи родителите, но никој во тоа време не гледал на тоа како проблем кој може да има страшни последици.

Сослушуван 10 часа

Српски Курир тврди дека мајката на момчето во полиција зборувала за семејните односи, како се сложувала со синот, сопругот и каков однос имале двајцата.

Според Курир, распитот траел десет часа!

Мајката, која беше под истрага за сомнеж за запуштање и злоупотреба на малолетно дете, во полиција изјавила дека никогаш не можеле да претпостават дека момчето може да биде насилно.

Таа потврди дека тоа било хармонично семејство, дека таа и нејзиниот сопруг живееле заедно и дека така се грижеле за децата.

Back to top button
Close