Нафтата поскапе за речиси осум отсто по веста дека Иран ги прекинува контактите со САД

Цените на американската нафта ВТИ (WTI) скокнаа за речиси осум отсто и надминаа 94 долари за барел, по извештаите дека Иран би можел да ги прекине контактите со САД поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан.
Според податоците од берзите во 16:00 часот, цената на нафтата ВТИ порасна за 7,84 отсто на 94,109 долари за барел, а на нафтата Брент (Brent) за 6,53 отсто на 97,060 долари.
Иранската новинска агенција Тасним пренесе дека Техеран одлучил да ги прекине дипломатските контакти со Вашингтон во знак на протест поради ескалацијата на израелските воени акции во Либан.
Инвеститорите стравуваат дека новиот скок на цените на енергенсите би можел повторно да ја разгори глобалната инфлација, што веднаш доведе до пад на вредноста на државните обврзници, додека водечките берзански индекси почнаа да варираат по серијата историски рекорди






