Наместо да се засрами и да замолчи, Ристо Никовски мудрува како генерал по загубена војна!
Ристо Никовски не се симнува од медиумите од медиумската империја што ја создаде неговиот политичи ментор за глорификација на неговиот лик во историјата на самостојна Република Македонија. Како син на пријател на првиот македонски претсеадател, Ристо Никовски (Р:Н) беше инсталиран за потсеретар во македонското МНР и од оваа позиција ги искористи неукоста, наивноста и неискуството на министерот за надвоершни работи Малески кој, согласно разговорот што го имав со Р.Н. во почетокот на септември 1992 година, решил да си го води и да управува со неговиот кабинет, а МНР му го препуштил на потсекретарот. По назначувањето за потсекретар Р.Н. се однесуваше како .бескрупулозниот кариерист и ординарен бирократ кој ги игнорираше, понижуваше и им се одмаздуваше на сите македонски дипломати кои беа поуспешни од него во реномираната југословенска дипломатија. Поради неговите обиди да ме понижи доброволно и достоинствено си заминав од МНР и повеќе од пет години бев на „бел леб“..
Во неговите настапите во медиумите, Р.Н. се обидува да се дистанцира од погрешните политики на главните актери во македонскаат дипломатија и упорно настојува вината за катастрофалните состојби во државата да ја префрли на политичките опоненти. Не признава своја вина, ниту вина на неговот политички ментор кого упорно го пропагира како мудрец. Поради клиентилистички причини Р.Н. сега ја напаѓа СДСМ, но, постојано ги фали политиките на наговиот политички ментор кој имаше членска карта од оваа партија број 0001! Бара одговорност на политичките опоненти, но молчи како залиен за одговорноста на челниците на македонската дипломатија кои ги прокоцкаа силните референци содржани во Извештајот на Комисијата предводена од Бадинтер во кој е децидно наведено дека од сите поранешни југословенски републики само Македонија и Словенија ги исполнуваат условите за признаавње и за зачленување во ЕУ! Словенија стана членка на НАТО и на ЕУ во 2004 година, а РМ, која беше поставена на погрешен перон, повеќе од три децении талка од една до друга погрешна станица и никако да пристигне во Брисел! На основа на анализа на изборите во РМ, Берлинскиот институт за демокартија во Извештајот за 2005 година дошол до заклучок дека Македонија не ја сакала независноста и дека таа и била изнудена! Покојниот режисер, политичар и дипломат Љубиша Георгиевски, во текот на предизборната кампања за претседателските и парламентарни избори во 1994 година во една пригода рече: Животна желба на Киро Глигоров е да седне на Дедиње и да биде шеф макар на скратена Југославија и макар со надлежности на Зоран Лилиќ (пртеседател на СРЈ). Во последно време на виделина излегуваат факти кои покажуваат дека српскиот лидер Милошевиќ го партил Глигоров како негов намесник во Македонија со цел да го спречи осамостојувањето и признавањето на РМ и нејзиното излегување од идната заедничка држава, како и да не се доволи Петар Гошев да биде избран за претседател на РМ. Меѓутоа, по одлуката на меѓународната заедница дека нема да се дозволи промена на границите на југословенските републики претседателот Глигоров го промени ставот и однесувањето кон РМ, а неговите епигони се обидуваат да го промовираат како творец на самостојната македонска држава. Безброј пати пишуав и укажував дека најголема грешка на претседателот Глигоров беше тоа што не ја прифати понудата на еминентниот македонски,, југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов да помогне околу признавањето на РМ и нејзиното етаблиарње во меѓународните односи. Како личен и семеен пријател на американскиот претседател Џорџ Буш-посатриот, кој ова должност ја вршеше од 1989 до 1993 година Мојсов со подршка и помош од неговиот моќен американски пријател, можеше да даде непроценлив придонес за признавањето на РМ и нејзината меѓународна афирмација. Една народна мудрост вели Железото се кове дури е жешко, а не кога се олади! Неприфаќањето на понудата на Мојсов беше кардинална грешка на егоценричниот македонси претседател, кој со неговите погрешни, амбивалентни и приватни политики сериозно ги расклати темелите на македонската држава и го загрози нејзиниот опстанок. Р.Н. бескрупулозно лаже и манипулира со тврдењето дека Мојсов одбил да и помогне на РМ поради здравствени причини!? По уривањето на Берлинскиот ѕид, Џорџ Буш беше најмоќен политичар во светот и со негова подршка и помош ќе беа поставени цврсти темели на македонската држава. Пропуштената и неповратна шанаса запризнавањето на РМ у нејзиното етеблирање во меѓународните односи, мошне вешто го ислористија мудрите албански политичари кои воспоставија блиски односи со естаблишментот на Бил Клинтон и со нивна подршка и помош создадоа втора албанска држава, Република Косово! Ортакламата (Ѓ. Колозов) на Глигоров со српскиот лидер Слободан Милошевиќ, базирана на личните интереси на македонскиот претседател, придонесе РМ да се најде како вејка на ветрот, со реална опасност за нејзиното бришење од географските мапи.
Со цел да ги прикријат и да ги покријат катастрофалните грешки на нивниот политичи ментор, епигоните на претседателот Глигоров упорно мантраат за неговата мудра политика, за неговата генијаност и остроумност и на тој начин настојуваат да ги прикријат и да ги покријат не само неговите катастрофални политики, туку и нивните грешки.
Во есејот за Албанија и Албанците, кој „слободните“ медиуми не сакаат да го објават, а кој може да се прочита на мојот фејсбук статус,. пишувам за паметните политики на албанските политичари, кои со подршка и помош од САД, поточно од есатблишментот на Бил Клинтон, успеаа да создадат две албански држави, со реални изгледи да создадат и трета.
Се надевам дека македонската историска наука реално ќе ги вреднува македонските политичари, вклучително и претседателот Глигоров, и нема да дозволи со лаги, со манипулации и со разни конструкции да се гради култ на некои кои не заслужуваат.
Често размислувам за огромните разлики меѓу големиот македонски и југословенски мислиел Александар Грличков и пртседателот Глигоров во поглед на славата, привилегиите и парите. Во својата тестаментална порака Грличков не дозволува неговото име да се користи за именување на државни и јавни институции, а епигоните на претседателот Глигоров упорно настојуваат со неговото име да се именуваат бројни државни и јавни институции.
На крајот би сакал да потенцирам дека претседатлот Глигоров беше голема несреќа во историјата на самостојната РМ и македонсккиот народ.
Коста Стоименовски