Обид за убиство на јавен обвинител во гостиварско Чегране

Обвинителот бил прободен со нож во грб. Тој е надвор од животна опасност и се лекува на скопските клиники

Денеска наутро околу 5:30 часот во гостиварското село Чергане имало обид за убиство на обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Гостивар, соопштија од прес-службата на обвинителство.

„Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот“,велат од Обвинителството.

Во краткото соопштение оттаму не се наведени причините зошто некој сакал да го убие обвинителот, а како што додаваат, се преземаат дејствија за расчистување на случајот.

Back to top button
Close